Утре во 12 часот ждрепката за ПМФЛ за сезоната 2021/22!

812

И официјално, во новата сезона во ПМФЛ ќе се натпреваруваат 12 клубови, сите добија “виза“ од Комисијата за лиценцирање. Па така утре со почеток во 12 часот, во просториите на ФФМ, ќе се одржи ждрепката за новата 2021/22 сезона во нашата елитна лига.

Утре комесарот за натпревари Игор Франговски заедно со претставниците на клубовите, ќе ја изврши ждрепката и ќе го одреди распоредот на натпреварите за сезоната 2021/22. И тоа само за првиот и вториот круг, тоа е така поради фактот дека, исто како и минатата сезона, и во новата двојките за средбите од третиот круг ќе биде по таканаречен – Бергеров систем.

Се играат вкупно 33 кола, по единаесет во сите три круга.

Да потсетиме дека за титулата првак на Македонија во “игра“ се Шкендија, Шкупи, Струга Трим Лум, Македонија ЃП, Работнички, Академија Пандев, Ренова, Борец, Пелистер, Тиквеш, Скопје и Брегалница.

Сезоната стартува на 7/8 август.

Претходно“Кралевите“ поразени во пријателски меч од Ренџерс!
СледноГнев во Австралија: Дали имаше кражба во трката на 100 метри пеперутка?