Фернандо Торес или „Ел Нињо“ и официјално се врати во Атлетико Мадрид, во својот матичен клуб. Но не како играч, туку како тренер на младинската екипа до 19 години.
Легендарниот фудбалер на Атлетико е икона на клубот. Многу млад започна да игра за првиот тим, за да потоа направи голем трансфер во Ливерпул, играше и во Челзи, Милан, потоа одново беше играч на Атлетико, за да кариерата ја заврши како фудбалер во Јапонија.
Секако веста за враќањето на клупската легенда, наиде на воодушевување кај фановите на првакот на Шпанија.
ФОТО:Atletiko de Madrid Twitter