Бразилецот Бернард очигледно на негови 28. години реши дека е доволно од играње сериозен фудбал па реши од Евертон, неговиот досегашен клуб, да се пресели во екипата на Шарџа во Обединетите Арапски Емирати.
Екс играчот на Шахтјор Доњецк, се сели на Блискиот исток, откако во Украина пристигна во 2013, а во Евертон во 2018 година. За овој клуб одигра седумдесетина мечеви и постигна пет гола