Оваа Воска Спорт навистина не се шегува. Попладнево новиот и амбициозен второлигаш во пријателски меч успеа со 1:0 да го победи прволигашот Борец и тоа среде Велес, на негов терен. Стрелец на голот беше Бехар Фета, и тоа по една одлична акција на тимот од Охрид во 72.минута, а инспиратор беше Изази Емини.
Одличен резултат и одлична игра на тимот на Раде Цицмиловиќ, кој ја забележа втората победа во вториот пријателски меч во текот на овие подготовки.
Се чини дека Воска Спорт во наредната сезона во ВМФЛ – ЗАПА ќе има и тоа како забележителна улога.