Леванте одлучи колку пари ќе бара за Барди

1135

Енис Барди е на добар пат да направи трансфер ова лето. Италијанските Милан и Торино се во трката за потписот на македонскиот репрезентативец, а Леванте објави за колку пари ќе го продаде Македонецот.

Шпанските медиуми пишуваат дека Леванте од Торино ќе бара 15 милиони евра за услугите на Барди.

Леванте има и мала финансиска криза, па од тука овие 15 добро ќе им дојдат доколку се решат да го дадат Македонецот во Италија.

ПретходноВатерполо: Шпанија ја совлада Србија во дербито
СледноБернард од Евертон во УАЕ