ОИ фудбалски турнир: Франција со голем пресврт против Ј. Африка, Бразил не го победи БСК

194

На Олимписките игри денеска беа одиграни неколку интересни натпревари. Франција со пресврт во финишот, и со три гола на Жињак, успеа да го совлада составот на Јужна Африка со неверојатни 4:3. Се до финишот Ј. Африка имаше водство од 2:3, меѓутоа со два гола во финишот, односно на Жињак во 86. минута и на Савание во 92. минута, стигнаа до бодовите.

Бразил, пак, не успеа да го скрши отпорот на Брегот на Слоновата Коска. Рано Бразилците останаа без Давид Луиз кој доби црвен картон, па мораа да играат со играч помалку.

Нов Зеланд го совлада Хондурас до 2:3.

ПретходноТрадиционалниот Вуко Каров денеска на програмата
СледноВатерполо: Шпанија ја совлада Србија во дербито