Потпис вреден пет милиони евра ќе стави Езџјан Алиоски и ќе биде нов член на Ал Ахли. Тие пари ќе ги заработи за двегодишен договор со тимот од Саудиска Арабија.
Тоа треба да се случи во следните часови, а наводно Алиоски и Ал Ахли постигнале усмен договор, кој сега треба да се реализира и во писмена форма.
Алиоски имаше понуда од Трабзонспор за 1,2 милиони евра по сезона, а оваа понуда е далеку подобра, кога станува збор на финансиски план.
Во Ал Ахли ќе заработува 1,5 милиони, плус 1 милион бонуси по сезона, што вкупно ќе биде пет милиони.