На стартот на женскиот дел од ракометниот олимписки турнир во Токио, репрезентацијата на Холандија дојде до лесна и убедлива победа над репрезентацијата на Јапонија до 32:21.
Освојувачките на златниот медал на последниот Мундијал немаа поголеми проблеми и уште од стартот на мечот покажаа кој е кој.
Најдобар стрелец Абиг со седум гола, кај поразениот состав Фуџи со пет. Холандија очекувано со стартните два бода на чело на групата А.
Од друга страна пак, во меч со многу драма, Русија и Бразил на крајот одиграа без победник 24:24. Илина со шест и Ведекина со четири погодоци, нејефикасни кај Русија, додека пак Де Паула со седум најдобра кај Бразил.
И двете селекции се на делба на првото место во моментов во групата Б.