Нешто невообичаено. Имено на одбојкарскиот меч кој што е во тек, репрезентативецот на Бразил, Лукас Саткамп игра со маска. Иако сме среде короната, иако се носат маски на трибините, на клупите меѓу резервите и тренерите, сепак крајно невообичаено е и на терен, овојпат на одбојкарски натпревар да се игра со маска и тоа на врвен натпревар.
На дербито на Ј. Америка во одбојка меѓу Бразил и Аргентина и тоа на Олимијадата во Токио.
Сепак Саткамп е познат по тоа што и порано кога играл, тоа го правел со маска.