И официјално Никола Димитров од денеска е нов член на РК Голден Арт. Скопскиот прволигаш продолжува со екипирање на екипата со цел да се врати во нашата елитна ракометна лига.
Инаку Димитров е битолчанец, “дете“ на Пелистер, а има играно и за екипите на Вардар, Работнички и Младост Богданци.
Како што истакнуваат од клубот, Димитров и Голден Арт се договориле за двегодишна соработка.