Навивачите на Јувентус можат да здивнат: Роналдо пристигна во тренинг кампот (ВИДЕО)

295

Како што најавија од Јувентус, Кристијано Роналдо утринава се појави на тренинг кампот на клубот. Португалскиот фудбалер ќе ги мине лекарските тестови и ќе се приклучи на подготовките на својот тим.

Веќе со месеци се пишуваше за иднината на ѕвездата на Јувентус, многумина беа убедени дека ќе се најде на трансфер листата, но сега е јасно дека ќе ја одработи и последната сезона од четиригодишниот договор со “Старата дама“.

За Роналдо беа заинтересирани Спортинг, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

Во Серија А, Роналдо постигна 29 голови минатата сезона, во сите натпреварувања вкупно 44 гола во 54 меча.

ПретходноВо Барселона стигнаа добри вести од Париз
Следно14 српски новинари завршија во карантин до крајот Олимписките игри