Легендарниот фудбалер и сегашен тренер на Дерби Каунти, Вејн Руни, направил глупост на тренинг откако жестоко стартувал врз свој фудбалер, кого го чека долга пауза.
Играчот Џејсон Најт завршил во болница по стартот на екс фудбалерот на Јунајтед, а подоцна се утврдило дека станува збор за тешка повреда на зглобот, поради која ќе мора да паузира 12 недели.
„Џејсон ќе биде надвор 12 недели. За среќа ќе нема потреба од операција, но ќе му треба време да се опорави“, рече Руни.
Меѓутоа на крајот се открило дека токму Руни е „виновен“ за неговата повреда. Двајцата тргнале кон топката, Руни бил жесток, и Најт ќе мора сега на долга пауза.