Во Барселона стигнаа добри вести од Париз

582

Француските медиуми пишуваат дека во ПСЖ донеле одлука да го стават на трансфер листата Рафиња Алкантара. Бразилскиот фудбалер во дресот на „светците“ дојде од Барселона за 1,5 милиони евра. Тој потпиша договор до 2023 година, но минатата сезона не заигра.

Раководството на клубот одлучи да го продаде, вест која ги израдува Каталонците, во договорот на овој фудбалер стои клаузула според која Барселона ќе заработи одредена сума доколку се случи да се најде на трансфер листата. ПСЖ планира да го продаде за 15 милиони евра, 35% од оваа сума ќе оди на сметка на Барселона, за која овие пари доаѓаат во вистинско време. Добро е познато дека клубот има финансиски проблеми, па секое евро ќе биде добредојдено.

ФОТО:twitter.com/Rafinha

ПретходноЛандин ги урна надежите на Парондо и Египет
СледноНавивачите на Јувентус можат да здивнат: Роналдо пристигна во тренинг кампот (ВИДЕО)