Дејан Георгиевски: Се надевам дека на Македонија ќе и донесам злато!

2228

Нашиот најголем адут за медал на овие ОИ во Токио, таеквондистот Дејан Георгиевски во пресрет првата борба и тоа против светскиот првак Рафаел Алба од Куба преку видео порака и се обрати на македонската јавност.

Инаку да кажеме дека оваа борба треба да се одржи некаде околу 06.45 часот изутрина по македонско време.

Секако дека ќе дадам се од себе, последниот атом од својата сила да ја израдуваме македонската јавност. Свесен сум дека ова е Олимпијада, дека тука се најдобрите. Се борам против светскиот првак, но тоа не ми значи ништо. Јас одам на победа. Ви благодарам сите на големата поддршка. Се надевам дека на Македонија ќе и донесам златен медал“ посочи покрај другото Георгиевски.

ПретходноБразил губеше од Аргентина со 0:2, па победи со 3:2!
СледноНовак во Токио оди по две медали!