И дефинитивно Динамо Загреб не може да смета на својот капитен и македонски репрезентативец Аријан Адеми, на утрешното гостување на Кипар, на возвратниот меч против Омонија во 2.квалификациско коло во ЛШ.
Ова денеска на пресот го потврди и стратегот на “модрите“ Дамир Крзнар.
“Не, и дефинитивно ќе играме без Адеми. Со него треба да бидеме трпеливи и внимателни“ рече покрај другото Крзнар.
Да потсетиме дека токму против Омонија во Загреб, на првиот меч кога беше 2:0 за Динамо, нашиот репрезентативец се повреди и сеуште не се знае колкава ќе биде паузата.