Доминација на американската штафета на 4х100 метри во Токио

357

САД го освои златниот медал на штафетата на 4х100 метри на Летните Олимписки игри во Токио. Кејлеб Дресел, Блејк Пјерони, Боуен Бекер и Зек Ејпл испливаа време од 3:08.97, само 73 стотинки зад светски рекорд од Игрите во Пекинг. Италија го освои среброто, додека пак бронзата отиде во рацете на австралиската штафета.

Адам Пити го освои златниот медал на 100 метри градно, оставри време од 57.37 секунди. Сребрениот медал му припадна на Арно Каминга од Холандија, додека на третото место заврши Италијанецот Николо Мартинеги.

Во трката на 400 метри слободно во женска конкуренција победник е Австралијката, Ариарне Титмус, исплива со време од 3:56.69. Ледецки го освои среброто, додека бронзата и припадна на Ли Бингџи од Кина.

Реган Смит оствари олимпискиот рекорд во полуфиналето на 200 грбно. Американката делницата ја помина за време од 57.86.

ПретходноФранција ги реши и „кариоките“, прва радост за Германија на ОИ
СледноМОК се оправда: ИОК ги покрива трошоците за Димевски, Мојсовски…, заедно со придружбите