Кој што сака нека каже, ама по една недела Олимписки игри да имаш на контото две злата, тоа значи дека си спортска сила.
Нашиот сосед Косово може да се пофали дека е џудо светска велесила. По златото на Дистриа Красниќи од пред неколку дена, ново најсјајно одличје освоено овојпат од страна на Нора Ѓакова.
Таа во големото финале во категоријата до 57 килограми ја совлада Французинката Сара Леоин Сисека. До финалето пак Ѓакова стигна победувајќи ги: Цукаса Јошида од Јапонија, Каја Кајзер од Словенија и Сан Верхаген од Холандија.