Мирната рака на Абељо: Шпанија по голема драма ја совлада Норвешка

233

Шпанија и Норвешка одиграа одличен натпревар, го оправдаа ептетот дерби на 2. коло. Оваа пресметка на крајот ја добија ракометарите на „фуријата“ кои благодарение на ударот од седум метри славеа со 28-27. Овој дуел мина во најдобар ред благодарение на одличната арбитража на македонскиот двоец Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Норвешка доминираше во првото полувреме, отвори со 1-5, имаше и 2-6. Шпанците на другата страна имаа проблем со пробивање на одбраната на противникот, во овој дел успеаја да израмнат на 11-11, но на одморот заминаа со негатива од еден гол (13-14). Норвешкиот голман, Бергерут беше одличен на својата мрежа.

Очекувано, вториот дел донесе нови возбудувања. Шпанија за првпат поведе во 39. минута (19-17) благодарение на одличниот Коралес, кој до овој момент имаше 12 одбрани, од нив два седмерци. „Фуријата“ се врати во мечот со серија од 4-0.

На средината на вториот дел, Норвешка израмни на 21-21. Фернандез со три гола во низа, Коралес со нова одбрана, се избори за водство на Шпанија од 25-22 на десет минути до крајот. „Фуријата“ остана со играч помалку, поради недозволив старт на Душебаев над Сагосен.

Шпанија пропушти шанса да ги врати највисоките плус три. На 30 секунди до крајот, Јондал од седум метри израмни на 27-27, на другата страна Начевски досуди удар од седум метри, Алеиш Гомез Абељо беше прецизен за 28-27.

Фигерас со девет гола беше најефикасен, кај Норвежаните прв стрелец беше Јондал со девет гола.

Претходно14 српски новинари завршија во карантин до крајот Олимписките игри
СледноНовак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на ЛОИ во Токио