Од Летните олимписки игри доаѓаат најразлични вести. Во центарот на вниманието се најде рускиот пливач, Кирил Пригода, кој вчера откри како може да се измами на Ковид-тестот, а потоа истото видео го избриша. Тој во својот нос прсна течност за дезинфекција, која дава погрешна слика при тестирањата.
„Шегата беше глупа, тама не беше смешна. Ова го сфатив предоцна. Добив предупредување“, порача пливачот.
Поради коронавирус, мерките на ЛОИ во Токио се доста строги, а спортистите мораат секојдневно да се тестираат за да избегне ширење на Ковид-19.