Самуел Ето: Јас не играв со Меси, туку тој играше со мене!

1421

Интересна изјава од легендарниот фудбалер од Камерун, еден од најдобрите напаѓачи во светот во негово време, Самуел Ето.

Тој при давање на едно интервју, доби прашање од новинарот во смисла како беше кога тој играше со Лео Меси, во периодот кога и двајцата беа во каталонскиоит гигант.

Камерунецот како од топ изјавил…

Видете, јас не играв со Меси, туку тој играше со мене. Во мое време Меси беше со мене и тоа беа сосема поинакви времиња од сега“ низ смеа одговорил Ето.

Инаку Ето за Барса одигра 152 официјални меча, двапати се радуваше во финалето во Лигата на Шампионите. Тоа трио на Барса составено од Меси-Роналдињо-Ето беше едно од најдобрите во историјата на фудбалот.

Во 2009 година Камерунецот се пресели во Интер каде заедно со Горан Пандев и останатите мега-ѕвезди на тој клуб, секако предводени од Жозе Мурињо, во 2010 година освоија “триплета“.

ФОТО: fcbarcelona

ПретходноТиквеш – Шкендија можно е да се игра во Прилеп!
СледноБразил губеше од Аргентина со 0:2, па победи со 3:2!