Денеска во ФФМ беше одреден распоредот во новата сезона во ПМФЛ. Познато е дека по долги, долги години во нашата елитна лига ќе се натпреварува и Тиквеш.
Па така кавадарчани во 1.коло во сезоната 2021/22, за ривал ја добија Шкендија, првакот на Македонија. Секако најпосакуван гостин во нашата ПМФЛ.
Мечот се игра на 7/8 август, но иако во Кавадарци почнува еуфоријата, може многу лесно да се случи овој меч сепак да не се игра на стадионот на Тиквеш, туку во Прилеп. Ова може да биде големо разочарување за сите фанови на Тиквеш кои едвај го чекаа враќањето на нивниот омилен клуб во елитата.
Причината е во тоа што на Градскиот стадион во Кавадарци во тек е реконструкција на соблекувалните. Секако дека ќе се направат сите напори до 7/8 август овој “проблем“ да се реши, барем, такви се уверувањата од раководството на Тиквеш, но како резервна варијанта е одреден стадионот во Прилеп.
Да се надеваме дека сепак соблекувалните ќе бидат готови и дека на 7/8 август Тиквеш и Шкендија пред исполнети трибини во Кавадарци ќе ни приредат спектакл.