Тухел: Некои играчи сакаат да заминат, не ги обвинувам

377

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел призна дека очекува промени во составот ова лето. Некои од играчите на „Сините“ се свесни дека ретко ќе бидат во составот и може да си заминат. Меѓу нив се Тами Абрахам и Дени Дринквотер. Покрај тоа, многу играчи се враќаат од позајмици во други клубови и Тухел ќе мора да го намали својот состав до 31 август, кога ќе се затвори трансфер пазарот.

„Никогаш порано не сум бил во таква ситуација. Ова е ново. Не сум загрижен, но бев љубоитен да видам каков е ставот, бидејќи некои ги напуштаат своите семејства, други сакаат да останат во клубовите каде што биле позајмени. Некои веќе одиграа два три пријателски мечеви. Некои од нив сакаат да можат да останат, други сакаат да заминат. Тие се луѓе, не се роботи и затоа мора да прифатиме дека не им е најлесна ситуацијата “, прокоментира Тухел.

Сепак, Германецот изрази задоволство од играчите со кои започна да тренира: „Не судам според тоа од каде сте, каква е вашата историја, колку заработувате или каков е вашиот статус. Јас сум многу среќен. Видов позитивна група која работи напорно, полна со желба да научи. Секоја година се обидувате да создадете атмосфера во која сите се задоволни што се, се чувствуваат ценети“ – додаде Тухел. 

Челзи веќе се раздели со Томори и Жиру кои заминаа во Милан.

 

ПретходноБлизу 3.5 милиони денари донесоа двете нови милионер џек пот добивки
СледноМеталург и Калуѓеровиќ спогодбено се разделија