Со дуелот меѓу Бразил и Франција почна второто коло на ракометниот турнир во Токио. Франција продолжи во ист стил, дојде до втората победа и тоа без мака. „Кариоките“ немаа решение за распложениот противник, на крајот беа совладани со 29-34.
Ракометарите на Франција доминираа уште во првото полувреме, Бразил на оваа средба само еднаш поведе, во првата минута (1-0). Од овој момент доминираа само француските репрезентативци, кои на одморот имаат позитива од 13-16.
Германија дојде до првиот триумф на Олимписките игри, откако ја совлада Аргентина со 33-25.