Шведска се намачи, но сепак ја победи Јапонија!

86

Селекцијата на Шведска успеа во вториот меч на ОИ во Токио да дојде и до втората победа. Иако се очекуваше далеку полесна задача, сепак Швеѓаните ја победи Јапонија само со 28-26. Интересно е тоа што Јапонците во финишот стигнаа и до минус еден гол.

Првото полувреме Шведска го доби со 17-14, додека во второто Јапонците беа подобри со 12-11.

Вообичаено Ване беше прв стрелец во репрезентацијата на Шведска и тоа со 8 постигнати голови. Додека кај Јапонците Мотоки успеа да постигне 6 голови.

Во групата Б сега Данска и Шведска имаат максимални 4 бодови.

ПретходноШпанија рутински против домаќинот на отворањето
СледноБразилецот Саткамп игра со маска против Аргентина!