Шкендија – Рига за 300 и 200 денари!

212

Шкендија денеска ги пушти во продажба билетите за реванш мечот од 2.квалификациско коло во Конференциската лига против Рига. Нивната цена е 300 денари за север и југ на Националната Арена “Тодор Проески“, а 200 денари за исток и запад. Познато е дека поради Ковид-19 мерките, капацитетот на Арената може да е исполнет само до 30%.

Факт е дека шампионот го чека тешка задача како да се пласира во следната фаза од квалификациите во ова натпреварување. Првиот меч заврши со резултат 2:0 за Рига.

Натпреварот се игра на 29 јули со почеток од 20 часот.

ПретходноБразилецот Саткамп игра со маска против Аргентина!
СледноГолден Арт се засили со Никола Димитров