Јуниорите славеа над Србија

262

Машката јуниорска селекција на Македонија славеше победа над Србија со резултат (66:54), на првиот од двата предвидени пријателски натпревари во Зрењанин.

По изедначената прва четвртина која заврши со нерешени (14:14), нашите јуниори блеснаа во втората. Ја реализираа во своја корист со (27:9) па на полувремето заминаа со висока позитива од (41:23).

Српските јуниори беа подобри во третиот период, кога симнаа десет поени од високата негатива. Намалија на (43:51). Но нашите млади кошаркари успеаја да се одбранат од нападите на домаќините, дури и ја добија последната четвртина со (15:11), за голем триумф над еден од фаворитите за висок пласман на „Челенџерот“ во Скопје (3-8.август).

Филип Наков со 20. реализации беше нашиот најефикасен играч на оваа средба. Митревски реализираше 16. По седум поени постигнаа Василевски, Богатиновски и Петков. Величковски даде пет, а  Хот уште четири.

Двете селекции утревечер, исто така од 18.30 часот, во Зрењанин, ќе одиграат уште еден контролен натпревар.

ПретходноПелистер се засилува со азербејџански фудбалер!
СледноДинамо без Адеми на гостувањето кај Омонија!