Тринаесетгодишната Јапонка Момиџи Нишија е најмладиот освојувач на златниот медал на Летните Олимписки игри во Токио. Нишија го освои златниот медал во дисциплината стрит во скејтбординг. Среброто ѝ припадна на нејзината врсничка од Бразил, Рајса Леал, додека на третото место заврши 16-годишната домашна натпреварувачка Фуна Накајама.
Нишија сепак не успеа да го урне рекордот, истиот ѝ припаѓа на Американката Марџори Гестринг, која имала 13 години и 267 дена кога освоила злато во скокови во вода на Олимписките игри во Берлин во 1936 година.
Why are all the photos from #Skateboarding amazing! 🤩 #UnitedByEmotion pic.twitter.com/PhBsuU5jZO
— #Tokyo2020 (@Tokyo2020) July 26, 2021