Дејан Илиев одново на позајмица во Серед!

330

Дејан Илиев, повремениот репрезентативен голман на Македонија, во новата сезона 2021/22 ќе биде дел од Серед, тим од Словачка. Ова е негово враќање по две години, откако Македонецот со успех бранеше во тој тим во првенството во Словачка.

Оваа вест попладнево ја потврдија и од Арсенал, неговиот клуб, и од Серед каде што одново доаѓа како позајмен играч.

Да потсетиме дека во текот на изминатите денови се шпекулираше со трансферот на Илиев во Салфорд, но сепак “топчиите“ одлучија да го пратат Македонецот одново во Словачка.

ПретходноНовак во Токио оди по две медали!
Следно“Пандевци“ во Софија поразени од Ал Наср со 0:2!