Кадетите не застануваат – дојдоа и до четврта победа во подготовките

290

Кадетската ракометна репрезентација и по четврти пат ја совладаа Црна Гора, во рамките за подготовките на ЕХФ шампионатот.

По вчерашната победа од 41:24, денеска во Охрид избраниците на Кирил Лазаров славеа со 31:29.

Најефикасен ракометар во нашата селекција беше Митев со седум голови, додека пет пати стрелаше Илиевски. Барјактаревиќ од Црна Гора беше најефикасен воопшто на мечот со осум погодоци.

ПретходноРаспределба на медали по денешниот ден: Домаќинот Јапонија на првото место, пред САД и Кина
СледноПрв гол на Ашковски за Сепси