Кизиќ: Е. Пелистер ми понуди тоа што ми беше потребно

187

Марко Кизиќ, еден од новите ракометари, во таборот на Е. Пелистер дојде од Вардар 1961. Кизиќ смета дека во битолскиот табор ќе може да го докаже својот потенцијал. “Еурофарм Пелистер ме убеди со амбициозниот проект, во кој како млад македонски ракометар се вклопив.

Ми го понудија баш тоа што ми треба за да го докажам својот потенцијал и да го извадам максимумот од себе. Запознат сум со овој клуб од поодамна. Секоја година станува се подобар и подобар клуб.

Минатата сезона беше тежок противник, според мене сезонава сме посилни и мислам дека може да се направат уште подобри резултати. Од поодамна го знам Филип Ивановски.

Одличен човек и добар голман. Се запознав и со Мартон. Мислам дека ќе има позитивна конкуренција и ќе бидеме место каде може да се напредува”, изјави Кизиќ. Е. Пелистер е на подготовки во Маврово, каде ќе одигра пријателски натпревар со вториот тим.

Претходно„Баравме да се врати во игра, но на Дончиќ не му се важни рекордите“
СледноЛидерите на гости кај новите прволигаши