Данска дојде до втората победа на ракометниот турнир на Летните олимписки игри во Токио, откако го совлада со 32-27. Ова беше меч од 2. коло во групата Б.
Никлас Ландин го предводеше актуелниот олимписки првак до триумфот, зад своето име запиша 15 одбрани.
Избраниците на Роберо Гарсија Парондо добро се држеа во првиот дел, на одморот имаа предност од 15-14, но данските ракометари предноста ја направија во вториот дел, беа подобри со 12-18.
Хансен со девет гола и Гидсел со еден помалку беа први имиња во таборот на Данска, на другата страна Ахмед Мохамед имаше шест погодоци.