Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на ЛОИ во Токио

514

Новаќ Ѓоковиќ се пласираше осминафиналето на Олимписките Игри во Токио. Српскиот тенисер ја оправда улогата на фаворит против Германецот Јан Ленард Штруф, го совлада со 2-0 по сетови (6-4, 6-3).

Ноле виде мака само во првиот сет, дури по 4-4, со два поени во низа дојде до 6-4. Во следниот сет сликата се промени, Германецот немаше шанса за израмниување, освои три гејма, откако српскиот тенисер претходно поведе со 4-1. На крајот Ѓоковиќ беше подобар со 6-3.

За место во 1/4 финалето, Ноле за противник ќе го има Шпанецот, Давидовиќ Фокина.

Претходно Александер Зверев славеше лесна победа против Колумбиецот, Галан Риверос со 2-0 по сетови 6-2 и 6-2.

ПретходноМирната рака на Абељо: Шпанија по голема драма ја совлада Норвешка
Следно„Баравме да се врати во игра, но на Дончиќ не му се важни рекордите“