Дефинитивно тимот на Тотенхем следната сезона ќе биде посилен за шпанската тинејџерска сензација Брајан Хил кој пристигнува во Лондон од Севиља.
Офанзивецот доаѓа како големо засилување, сметан е за еден од оние играчи кои го сочинуваат новиот бран на шпански офанзивни фудбалери кои ќе го одбележат пеиродот кој следува.
На спротивната страна пак, како дел од договорот, заминува Ерик Ламела, кој ќе ја засили Севиља пред се со своето искуство.