Кошаркарската репрезентација на Шпанија успешно го стартуваше турнирот на тековните Олимпискин игри во Токио откако со 88:77 го совлада домаќинот Јапонија.
Рики Рубио го поредводеше победничкиот состав со 20 поени, а следуваше Клавер со 13. Кај поразените Јапонци најдобар Хашимура исто така со 20 коша.
По ова нормално Шпанија има на контото стартни два бода, а во второто коло се среќава со Аргентина.