Дејан Георгиевски го урна светскиот првак Рафаел Алба на ОИ во Токио

5760

Дејан Георгиевски одлчно тргна кон остварување на целта – медал на Олимписки Игри во Токио.

Македонската гордот го победи светскиот првак Рафаел Алба од Куба со 11-8 во категоријата над 87 килограми.

Нашиот таеквондист се бореше одлично. Првата рунда ја доби убедливо со 5-1, додека втората со 5-2.

Во последната решавачка влезе со предност од 10-3. Кубанецот се обиде да се врати, го намали резултатот, но Георгиевски успеа да го задржи големото водство и да дојде до 11-8.

Во четвртфиналето ќе се сретне со Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска во 8:45.

ПретходноКосовската спортистка која го освои првиот медал на ОИ, се откажува од џудото
СледноСензација на ОИ во Токио, елиминирана домашната миленичка Осака