Дека Џани Алиоски ќе замине на Блискиот Исток и ќе потпише за еден од тамошните клубови веќе е и повеќе од сигурно но сега се појаува дилемата за кој. Ако до вчера веќе беше дефинитивно дека тоа ќе биде тимот на Ал Ахли од Ријад сега веќе тоа и не е така сигурно.
Имено, според тамошните медиуми Алиоки веќе требало да биде промовиран како ново засилување на Ал Ахли, но се било стопирано затоа што наводно нашиот напаѓач побарал повеќе пари и подолгорочен дил од првично договореното. Се шпекулира со сумата од 16.5 милиони риали, што е околу 3.5 милиони евра, и три годишен договор. Наспроти првично договорените 2.5 милиони за две години.
Јавноста во Саудиска Арабија сега шпекулира дека Алиоски има понуда од уште еден клуб, затоа вака се однесувал, а тој клуб наводно е Ал Наср, жесток ривал на Ал Ахли.
Конечно, социјалните мрежи односно навивачите на двата клуба во последните 24 часа буквално се препукуваат меѓу себе со коментари од типот, „Каде ви е Алиоски“ и слично. Како ќе заврши сето ова, и каде ќе игра Алиоски следната сезона ќе се знае во следните 24 часа.