Дејан Георгиевски во четвртфиналето на Олимписките Игри во Токио го совлада Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска со 9-4 и се пласираше во полуфиналето.
Во првата рунда нути еден не освои поен. На стартот на следната нашиот таеквондист го освои првиот поен благодарение на грешката на противникот. Гбане израми на 1-1, со првиот кик Георгиевски поведе со 3-1, со овој резултат ја заврши втората рунда.
Во третата рунда македонскиот таеквондист, по поените на противникот врати за 4-2. Но, со прецизен кик, Гбане израмни на 4-4. Георгиевски освои два бода (6-4) брзо дојде до 9-4.
Добра одбрана во третата рунда го донесе во полуфиналето каде ќе се бори со Ин мечот е зааќан во 9:45 часот.
Претходно македонскиот таеквондист на стартот го совлада светскиот првак Рафаел Алба од Куба со 11-8 во категоријата над 87 килограми.