Одлична игра, уште поголема победа реализираа нашите млади кошаркари во селекцијата „Под 18“ години на првиот од двата планирани натпревари на гостувањето во Зрењанин.
Нашите јуниори во целост ги надиграа своите врсници од Србија, на задоволство на стручниот тим, предводен од селекторот Никола Василев.
„Задоволен сум, пред сè, од прикажаниот пристап, од борбеноста и од залагањето на сите кошаркари. Исполнија голем дел од зададените задачи на теренот“, коментира Василев по триумфот од 66-54.
Вечерва, исто така од 18.30 часот, следува и вториот контролен меч против домашната јуниорска селекција.
„Останува да ја пидигнеме формата и да корегираме некои детали во играта. Не само тука во Зрењанин, туку и по враќањето во Скопје“.