Дејан Илиев официјално се врати во Серед

382

Македонскиот интернационалец Дејан Илиев повторно ќе го носи дресот на Серед.

Словачкиот тим по втор пат го привлече нашиот голман, кој при првиот престој во овој тим имаше одлична полусезона, па така што се одлучи уште еднаш да му се приклучи.

Илиев сеуште е под договор со тимот на Арсенал, но како што е вообичаено со него, секој преоден рок решава каде ќе замине на позајмица. Имаше и повреда во изминатиот период која е зад него, и веруваме дека Илиев со добри одбрани во дресот на Серед повторно ќе се најде во репрезентативниот дрес.

 

 

ПретходноИзненадувачки трансфер: Тотенхем го замени со Катар
СледноАл Наср сака да го „киднапира“ Алиоски од Ал Ахли, хаос на социјалните мрежи