Македонија после долги 22 години ќе освои медал на едни Олимписки Игри. Сето ова благодарение на Дејан Георгиевски. Ова 22-годишно момче во полуфиналето го совлада фаворитот Ин со 12-6.
Македонскиот еквондистот беше феноменален и во третата борба, иако противникот поведе со 1-0 по првата рунда, во следните две покажа зошто местото му е во битката за златен медал. Тој веќе го има среброто, но од она што го видовме денеска и од неговите најави се ќе стори да дојде до триумфот во финалето.
Битката за златно е закажана во 14:45 часот, за противник го има Русинот Владислав Ларин.
За тие што немаа можност да го гледаат во живо, уживајте во овие прекрасни минути исполнети со радост.