Турските медиуми уште еднаш ја потврдија информацијата која веќе еден месец се пласира во јавноста. Игор Кокошков си оди од Фенербахче и се сели во редовите на Далас Маверикс.
Оваа одлука беше очекувана, ако се земе во предвид дека станува збор за понуда од НБА тим, тој ќе биде во стручниот штаб на Џејсон Кид.
Како замена за Кокошков во Фенербахче се споменуваат две имиња. Саша Обрадовиќ и Александар Ѓорѓевиќ. Кој навистина ќе го води турскиот гигант ќе биде познато наскоро.