Изненадување: Радичевиќ и Црна Гора на колена пред домаќинот

251

Дефинитивно ден за изненадувања на Олимписки Игри во Токио. На првиот меч од второто коло на ракометниот турнир, домаќинот Јапонија ја совлада Црна Гора со 29-26. Ова беше прв пораз за екс-вардарката Јованка Радичевиќ и нејзините соиграчки.

Црна Гора беше подобра до пред крајот на првото полувреме. Јапонските ракометарки пред одморот се разбудија, поведоа со 14-13 и до крај на ја успуштија предноста.

Ајака Икехара и Нозоми Хара постигнаа по 6 гола, на другата страна Татјана Брновиќ реализираше исто 6 гола.

На втората средба Бразил без проблеми славеше над Унгарија со 33-27.

ПретходноПогледнете како Георгиевски го згази светскиот првак на Олимписките Игри (ВИДЕО)
СледноЗемја со 70.000 жители дојде до првото олимписко злато