Дејан Георгиевски во полуфиналето на Олимписките Игри во Токио го совлада Ин Кјо Дон од Јужна Кореја со 12-6 во категоријата над 87 килограми. Тој има сребрен медал, оди по злато.
После 21 година, Македонија одново ќе се закити со медал на Игрите, за противник во финалето ќе го има Русинот Владислав Ларин, битката е закажана во 14:45 часот.
Ин, кој е второрангиран ја отвори битката, поведе со 1-0, првата рунда заврши со овој резултат, противникот освои поен поради еден успешен удар со рака.
Македонскиот теквондист на стартот на втората рунда (2-5) израмни врза пет поени и поведе со 1-5, благодарение на прецизните удари со нога. Противникот заработи еден казнен поен. Пред крајот на оваа рунда, Ин со удар со рака, намали на 3-5.
Во решавачката трета рунда, Геогриевски освои два поени за 3-7, Ин намали, но Македонецот зголеми на 4-10, сепак и покрај заработениот казнен поен, противникот не успеа да направи пресврт.