Ракометарите на РК Прилеп денеска и официјално ги стартуваа своите летни подготовки. Тимот на тренерот Кузманоски во новата сезона е посилен за левиот бек Христијан Милошески, како и за десниот бек Жарко Барјактаревиќ.
Од друга страна РК Прилеп го напуштија Ивица Дукоски, Даниел Андоноски и средниот бек Златко Везенкоски.
Амбициите на клубот за оваа сезона се јасни, и покрај квалитетот на екипите во Суперлигата, враќање на клубот каде што припаѓа, како што тоа некогаш беше Тутунски комбинат.