Македонската женска јуниорска селекција е поразена од Украина на почетокот на натпреварите од ФИБА „Челенџер“ турнир кој денеска стартуваше во Софија со конечен резултат 69:52.
Во меч во кој нашиот состав одигра со доста грешки, противникот тоа го искористи и уште од првите минути направи разлика која ја одржуваше до самиот крај. Во нашиот табор, Димитријевиќ најдобра со 14. поени.
На вториот ден од „Челенџерот“ во Софија, нашата женска селекција „Под 18“ години, утре од 13.часот, игра против репрезентацијата на Словенија.