Денешниот ден, 27 јули 2021 година е ден за паметење. Дејан Георгиевски, нашиот ЛАВ, дојде до најголемиот успех, до медал на една Олимпијада. Успех кој го чекавме цели 21 години, по бронзата на Ибрагимов во Сиднеј.
Токму затоа радоста во спортска Македонија е голема. Прекрасна беше глетката како Лавот Дејан е на подиумот, како на неговите гради е среброто, а тој го виори македонското знаме.
Дејане …ти благодариме за денешните радосни и возбудливи моменти.
Секако и големи честитки.
Оваа фотографија е за паметење.