Хибернијанс од Малта си ја заврши својата работа вечерва во 2.квалификациско коло во Конференциската лига. Имено и во реваншот славеше против Фолгоре од Сан Марино, па така со вкупни 7:3 успеа да ја мине оваа пречка.
За нас овој двомеч беше интересен и поради фактот дека ако Шкендија во четврток успеа да ги анулира тие 0:2 од Рига против тимот од Летонија, тогаш во 3.квалификацско коло за ривал ќе го има тимот од Малта.
Познато е дека Шкендија на сите три досегашни мечеви во Европа одигра слабо, нема постигнато гол. Но ако во четврток на Арената во Скопје, пред своите фанови, сепак успее да ја победи Рига, а тоа може ако одигра како што треба, тогаш широко и се отвараат портите од плеј-офот во Конференциската лига.