Алегри: Ќе има ротации и ќе се седи и на клупа

398

Тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри денеска на официјална прес конференција во клубот и се обрати на јавноста на неколку теми првенствено секако околу статусот на Кристијано Роналдо и на неговата улога во тимот следната сезона.

Алегри по втор пат е дел од Јуве, потпиша четиригодишен договор, а во првиот мандат како тренер на овој тим во пет сезони освои единаесет трофеји.

„Роналдо е одлично момче. Вчера разговарав со него и со останатите играчи и им пренесов што се очекува од нив за следната сезона. Му реков на Роналдо дека сум среќен што повторно го среќавам и дека за разлика од минатиот пат сега имаме далеку понеискусна екипа. Па така, неговата улога ќе биде во еден дел менторска кон помладите играчи и дека ќе се бара голема одговорност. Од друга страна сезоната е многу долга ќе има доста ротации во тимот, па и ѕвездите во еден момент ќе треба да седат на клупа“ – изјави Алегри.

 

ПретходноТомче Гроздановски си замина од Злате Моравце
СледноИзненадувачки трансфер: Тотенхем го замени со Катар