Денеска полни 38 години: Среќен роденден, Горане!

271

 

Денеска ЕЛ ГРАНДЕ, нашата фудбала икона, нашиот најдобар фудбалер во историјата, Горан Пандев полни 38 години.

Велат нема ништо случајно. Па затоа и денешниот ден, роденденот на Пандев ќе го паметеме за навек, и тоа поради олимпискиот медал на Дејан Георгиевски во Токио. Денеска спортска Македонија го прославува веројатно најголемиот спортски успех во својата самостојност и тоа на роденденот на НАЈГОЛЕМИОТ, на Горан Пандев.

Се разбира дека на Пандев редакцијата на Спортмедиа му посакува  СРЕЌЕН РОДЕНДЕН, да одигра уште една фантастична сезона во Џенова и со своите совети, ако веќе нема да биде во репрезентацијата, да им помага на некогаш своите репрезентативни другари.

Среќен роденден, ГОРАНЕ!

ПретходноТрстена до Георгиевски: Дејан ти си нашето злато, само напред шампионе!
СледноТФТ и Куманово во најслабиот „шешир“ ги чекаат ривалите во ФИБА Евро Купот