Дејан Георгиевски денеска и тоа како ја израдува Македонија. Тој во таеквондо успеа на својата држава да и донесе медал, и тоа сребрен.
Вети злато, но сепк среброто на Олимпијадата во Токио е фантастичен успех.
За МТВ од Токио тој покрај другото истакна…
“Очекував медал, тоа и го најавив. Најавив дека ќе одам по златото, но дојдов до среброто. Се надевам дека во иднина ќе има уште поголеми успеси. Според мене најтешко ми беше во првата борба против светскиот првак. За жал во финалето не успеав. Во борбата за златото пресудни беа моменти. Сега за мене следуваат нови предизвици“ изјави Георгиевски, кој на Македонија и донесе голема радост.